Промовирано видеото „Да зборуваме, моето здравје е мое право“

DSC_0694-800x600

Со цел едукација на младите, јакнење на свеста за оставрување на здравствените права и достапност на информацииза најзагрозените и најранливите, а во рамки на проектот „Унапредување на достапноста до здравствената заштита на жените Ромки“,во Куманово во присутво на млади, претставници од здравствени установи и образовни институтции, Националниот Ромски Центар го промовираше филмот под мотото „Да зборуваме, моето здравје е мое право“.Проектот е поддржан од ромската здравствена програма од Будимпешта и Фондацијата Отворено општество Македонија.

Видеото во кое главни „јунаци“ се младите порачува дека оние кои не се доволно информирани, кои се срамат да зборуваат со своите блиски, кои немаат пари и оние кои сметаат дека ќе бидат одбележани заради своето сексуално и репродуктивно здравје, треба да се охрабрат и да ги остварат своите права, да се информираат за да не дојде до несакани последици.

DSC_0743-800x600

„Креативното видео е наменето да ги едуцира најмаргинализираните групи, пред се, младите, за да се информираат што е сексуално и репродуктивно здравје и правата кои ги имаат. Постојат институции кои работат на оваа проблематика, но недоволно се промовираат информации и за младите и за останатите. Видеото ги опфаќа правата на пациентите, имаме и советувалишта за сексуално и репродуктивно здравје кои доволно не се искористени од страна на младите и наша идеја е да ги поттикнеме за оваа чуствителна тема која е табу, да зборуваат со луѓето во кои имаат најмногу доверба, пред се, матичните гинеколози, но и останатите здравствени работници“-координаторот на проектот, изјави Себихана Скендеровска.

Таа појаснува дека видето ќе биде доставено и до училиштата во Куманово, кои ќе можат да го презентираат пред учениците, бидејќи секој треба да се запознае со своите права и да разговара со надлежните за темите кои за младите се чуствителни.

Преку филмот, НРЦ, упатува порака до младите да збруваат отворено за сексуалното и репродуктивното здравје, за ризиците, за нивните здравствени права.

Оваа активност е продолжените на програмата, која што НРЦ ја спроведува изминатите 10 години во однос на застапуавње на здравствените права на жените Ромки, а во последните години, работи на зајакнуавње на жените во однос на чуствителните теми, како што е сексуалнотои репродуктивното здравје и пристап до превентивна здравствена заштита.

DSC_0720-800x600

Адвокатот Магдалена Јакимовска од НРЦ вели дека пациентите недоволно се информирани за нивните здравствени права, за бесплатни прегледи во јавните здравствени установи.

„И оваа година продолжуваме со проектот, чија цел е конкретно беше запознавање на жените –Ромки, конкретно таргет групата беа девојки од 16 до 45 години во однос на остварување на нивните права од здравјето, права поврзани со матичниот гинеколог, бесплатни гинеколошки прегледи, бесплатни прегледи за време на бременост, бесплатни совети во однос на сексуалното и репродуктивното здравје“-изјави Јакимовска.

На вечерашата промоција на филмот се обрати и директорката на Кумановската болница Снежана Захариева, која упати порака до младите редовно да ги посетуваат лекарите и со нив да разговараат на темите кои за нив се чустивителни, со цел превентивно делување од несакани последици.

„Секој кој има потреба може да се обрати до лекарите од општата болница Куманово, да побара совет за оние теми за кои младите не се баш отворени да разговараат со своите родители, ниту со пријателите.Крајна цел е да се заштитат од болестите кои сескуално се преносливи, но и да обрнат внимание како да се заштитат од несакана бременост“-рече Захариева.

Љиљана Ивановска, патронажна сестра од Здравствен Дом Куманово, вели дека и оваа служба го поддржува проектот, бидејќи се однесува и на младите мајки кои патронажните сестри ги едуцираат како да се грижат за сопственото и здравјето на новороденчињата.

Од своето основање до денес НРЦ се развива како поддржувач и застапник на правата на ромската заедница, но и на сите кои се маргинализирани, кои живеат во социјален ризик, на сиромашните, болните. НРЦ во рамки на здравствената програма десет години на терен работи со ромската заедница и увидува дека се уште постои потреба од подигање на свеста за основните здравствени права кај девојките и жените Ромки. Од таа причина и во 2017 се продолжи со активностите во рамки на проектот „Унапредување на достапноста до здравствената заштита на жените Ромки“, како продолжение на проектот кој успешно се реализираше претходната 2016-та година.