Првата Ромка во Европскиот Парламент

EU-parl2

Демократијата и демократските права мора на мојот ромски народ да им овозможат многу поголеми и пошироки права, вели Ана Далиповски, претседателката за спроведување на интеграцијата на Ромите во ЕУ во Хрватска.

 

Преземено од Новинско – информативната агенција на Ромите (НИАР) – Ана Далиповски – прва Ромка од Република Хрватска во Европскиот Парламент

Претседателката за спроведување на интеграцијата на Ромите во ЕУ во Хрватска, Ана Далиповски, која преку партијата Силите на Ромите во Хрватска учествува на претстојните избори за Европскиот Парламент може да стане првата Ромка пратеник во таа европска институција.

Далиповски која е трета на листата на партијата Силите на Ромите во Хрватска, вели дека би било значајно Ромите да бидат претставени во Европскиот Парламент бидејќи тоа би им овозможило активно вклучување на европските институции во решавањето на прашањата за положбата на Ромите во Хрватска.

„Демократијата и демократските права мора на мојот ромски народ да им овозможат многу поголеми и пошироки права. Овие права мора да пуштат корени, најпрво во Европскиот Парламент. Ромите живеат во Европа уште од 15 век и овој народ, после повеќевековни прогони, геноциди и понови прогони, не треба и не смее да остане без глас”.

Далиповски изјави дека Европскиот Парламент ќе биде во корист доколку во неговите пратенички клупи се најде и претставник на ромскиот народ.

Кога станува збор за Ромите, Далиповски нагласи дека на почетокот, на сите треба да им биде јасно, дека состојбата повеќе ниту може, ниту смее да биде таква што некој треба да ни дава права, пред сè, граѓански, човечки и национални, не можеме, ниту сакаме да се оттуѓуваме, ниту да дозволиме некому да одлучува за нашите права. Ромите, стотина години на територијата на Југоисточна Европа се над политиката, односно, поради различни причини не можеа да ги остваруваат ниту своите политички, ниту своите граѓански права, а секако, со самото тоа, ниту своите национални права.

 

Целосниот текст и ставовите на Ана Далиповски, на хрватски јазик може да го прочитате на следниот линк:

http://www.niar.rs/2014/05/20-5-2014-niar-ana-dalipovski-prva-romkinja-iz-republike-hrvatske-u-evropskom-parlamentu/

 

1,882 Comments