Првиот ромски ресторан во Словенија

kafana-mk

Oригиналниот текст е објавен на ЕУ обсервер: http://euobserver.com/eu-elections/123908

 

Од Борут Мекина

Љубљана – Традиционалните балкански јадења, како гулашот, сармата и бурекот може да се најдат ширум Европа, но не и традиционалниот ромски гулаш, ромскиот бурек, познат како пичинта, ромски сарми или шах мас, традиционална ромска храна направена од зелка и месо.

„Ромската храна е поинаква. Подобра е. Нејзиниот специфичен вкус поради бавниот процес на готвење и специфичниот начин на подготовка, различни видови тревки и се разбира, подготовена со љубов, и тоа сè по пристапна цена”, вели ромскиот готвач Ајша Мехмети, објаснувајќи што Европјаните пропуштиле досега, на менито од меѓународната кујна.

Тоа сега ќе се смени зашто на почетокот на април годинава, во словенскиот град Марибор се отвори првиот ромски ресторан.

Ако ресторанот – кој делумно е финансиран со пари од Европската Унија, се покаже како успешна приказна, објаснува Фатмир Беќири, претседател на локалната ромска заедница, Романо Пралипе, ќе се отворат и други вакви ресторани. Беќири неодамна се сретна со делегација од Загреб, Хрватска, а доби покана и во Грац, Австрија, каде што политичарите се заинтересирани за проектот. Дури и амбасадорот на САД во Словенија, Џосеф Мусомели, дојде на свеченото отворање во лимузина накитена со ромски знамиња.

„Веќе сме многу восхитени од реакцијата на јавноста и се надевам дека Ромите ќе се оправдаат себе си во оваа приказна”, вели Беќири за ЕУ обсервер.

Ромскиот ресторан, кој што се нарекува Romani Kafenava, е пилот проект во Марибор. Ќе вработи 15 луѓе, претежно локални Роми, кои што никогаш не биле вработени. Тие биле школувани во локалното средно училиште во проект организиран од локална невладина организација ЕПЕКА. Проект лидерот Стефан Симончич, објаснува дека тоа треба да помогне во создавањето на социјално општествени бизниси кои промовираат културно разбирање.

„Ова е и тест за Ромите. Ова е тест за да се види, дали тие ќе може да водат успешен бизнис модел со нивното специфично разбирање за времето”, вели тој.

Отворањето на првиот ромски ресторан веќе донесе радост меѓу ромската заедница во Марибор и меѓу членовите кои што ги посетија европските институции во Брисел пред неколку месеци. Таму тие се претставија себе си пред оние кои што им го овозможија првиот чекор кон отворање на ресторанот.

Тој пат не беше лесен.

Како и во другите земји – членки на ЕУ, национализмот во Словенија расте. Последните анкети в очи мајските избори за ЕУ парламентот покажаа пораст на десно ориентираните политички партии.

Словенската националистичка партија, моментно отсутна од словенскиот Парламент и позната по нејзините расистички изјави против Ромите е втората најпопуларна партија според анкетите за ЕУ гласањето.

По најавите дека ќе се отвора ромски ресторан, беа организирани протести против отворањето во ноември минатата година, кои протести кулминираа со колективна оставка на регионалниот совет.

Демонстраторите истакнаа дека во регионот веќе и така има многу ресторани. Градоначалникот на Марибор, Андреј Фистравец излезе со поддршка на Ромите, барајќи од демонстраторите да го сменат нивното мислење и да се извинат.

Но, дента на отворањето на ресторанот, соседите викнале полиција жалејќи се дека музиката на популарниот бенд Шукари била многу гласна.

Како и да е, ресторанот работи добро.

Следната недела, освен храната и пијалоците, како што е јаката ракија, на менито ќе има музика и кафе. И тоа не какво било старо кафе, туку кафе од кое Ромите може да ја предвидат иднината.

„Оваа услуга ќе биде бесплатна за нашите гости”, рече Беќири. Нивното сопствено истражување на иднината, додава Беќири, им дава причина за оптимизам.

 

edno

1,502 Comments