РОМИ И ЛУКСЕМБУРГЦИ

DSC_0016

Ситуацијата е страшна, но само неколку политичари се осмелуваат да се огласат. Ромите не носат гласови. Тие се политички проблем, но не и политички фактор. Пасивно или активно многу администрации дозволуваат прекршување на права. Така, центарот се движи кон десницата, десницата кон ултра-десницата и ултра-десницата кон криминалната зона, вели во својот говор Елс де Грин, поранешен европарламентарец.

 

Има луѓе кои ја сакаат и луѓе кои ја мразат Европа. Јас сум од првите. Европската Унија стави крај на војни, на редиците за царина и им даде глас дури и на најмалите земји членки, како Луксембург со 500.000 жители. Но, милиони други жители на ЕУ немаат право на глас, немаат свој комесар и пратеник во Брисел, затоа што тие се етничко малцинство, како Ромите и Синтите, најголемото малцинство во Европа.

Зошто двојни стандарди? Дали затоа што луѓето од Луксембург се сите бели, а Ромите се темни? Не се. Пред илјада години, Ромите ја напуштија Индија и заминаа за Русија, Персија, Турција и Европа. Некои се венчаа со Евреи и други не-Роми, или го изгубија својот тен во Скандинавските земји. Дури и нацистите забележаа дека чиста раса е тешко нешто. Тие одлучија дека 12.5% ромска или еврејска крв е доволно за да ги депортираат.

Гаџе, не-Ром, исто така имаат мешана крв. Нови археолошки пронаоѓања откриваат дека само 10 – 20% Европјани потекнуваат од оригинални племиња, другите имаат ДНА од Средниот Исток или Азија.

Огромната разлика меѓу Луксембургците и Ромите не произлегува од етничката припадност, туку од нешто што беше многу важно во Европа: границите. Луѓето од Луксебург ги имаат, а Ромите не. Политичката важност на терминот “етничко малцинство” е прилично сомнителна. Тоа значи вбројување на луѓето, а не ретко и одбројување. Повторното обединување на Европа лиши цела нација од фундаментални права и ова се случи затоа што 12 милиони Роми, присутни во поголем број од Белгијци, Швеѓани, Финци, Бугари, Чеси, Грци, Данци и Луксембургци, не живеат заедно во нивна нација – држава. ЕУ проектот е очигледно на два ума. Изгледа како претворање на приватни градини во јавен парк, каде само поранешни градинари го одлучуваат зонскиот план.

За време на комунизмот сите беа присилени да бидат комунисти, но во слободна Европа не им е дозволено на сите да станат граѓани. Вацлав Хавел во 1993 година изјави дека судбината на Ромите ќе стане Лакмусов тест за европската демократија. Денес, 10 години подоцна, Ромите се најголемо жртвено јагне! Нео-нацистите организираат маршови во Чешка; Франција протерува десетици илјади од нив; шведската полиција држи таен регистар; унгарските Роми бегаат од Јобик… Ситуацијата е страшна, но само неколку политичари се осмелуваат да се огласат. Ромите не носат гласови. Тие се политички проблем, но не и политички фактор. Пасивно или активно многу администрации дозволуваат прекршување на права. Така, центарот се движи кон десницата, десницата кон ултра-десницата и ултра-десницата кон криминалната зона.

Пропаднатата инклузија на Ромите е трагична грешка! Достапните фондови од Брисел исчезнуваат во корупција и остануваат неискористени, затоа што популистите не трошат пари на жртвени јагниња. Тоа ќе им наштети на популарноста и може да ги направи сиромашните и неписмени луѓе во важни членови на општеството. Дури и патриоти. Популистите се водат од своите емоции, не од разумот.

По девет години истражување во Источна Европа, издавање книги и статии, се најдов себеси во Европскиот парламент, кој што го критикував толку често што бев поканета да направам подобра работа. Мојот тим беше добро опремен. Трите асистенти имаа бугарско, македонско, полско и ромско потекло и четири од нас зборуваа 12 различни јазици. Заедно имавме одличен пристап до извори во нови и кандидати земји-членки во Источна Европа. Ние се фокусиравме на корупција, злоупотреба на средства, недостаток на транспарентност и на судбината на т.н. малцинства.

За време на приватизацијата во пост-комунистичките земји, многу луѓе беа доведени до сиромаштија, а други екстремно се збогатија. И најсиромашните се окривуваа. Имаше шема. Поранешни државни функционери финансираа ултра-десничарски движења за да се одвлече вниманието на луѓето од нивниот профитабилен бизнис кон мизеријата на Ромите. Жртвувањето на јагнињата започна долго пред кризата, и се влоши значително во последните пет години. Како член на Европскиот парламент направив сè што беше во моја моќ за да ги откријам фактите. Мојот тим дури отиде толку далеку што во 2006 година ние помогнавме да се отворат досиејата на поранешната тајна служба во Бугарија. Цената што ја плативме се состои од пошта со омраза, спам, клевета и смешен прекар. Лидерот на бугарскиот Мешовит Парламентарен Комитет ЕУ, Џефри ван Орден, беше наречен добар, помагајќи и на Бугарија да стане членка на ЕУ. Јас бев лошата.

Не само Џефри ван Орден сакаше Бугарија да влезе во ЕУ во 2007 година. Многумина во Брисел беа во празнично расположение и спремни да ги пречекаат нивните пријатели од Романија и Бугарија. Како да прават парчиња метал од остатоците од железната завеса. Затоа и главниот услов за влез, социјална инклузија на Ромите, беше ставен на страна.

Уште полошо… вината за нивната исклученост беше ставена на нив самите. Цитирам од извештајот на ван Орден, октомври 2006 година: “… Тие (Ромите) треба да бидат повикани да дадат сè од себе да се адаптираат во општеството и да ги искористат можностите кои им се понудени …” Цитат од финалниот извештај, од ноември: “… социјалната интеграција е двонасочен процес, и тој побарува од ромите да направат напор за да се адаптираат …”

Бугарија и Романија се придружија. Одејќи во Парламентот, можеше да се случи да сретнам колега парламентарец кој е поранешен таен агент или поранешен шеф на партија. Бугарите не ги сакаа, но во Брисел немаше проверка. Дури беше табу во јавност да се дискутира нечие минато. Други нови колеги дојдоа од ултра-десничарски партии: Атака и Романија Маре. Заедно со Национален Фронт и неколку други партии тие ја формираа новата парламентарна група ИТС (ITS) – Идентитет, Традиција и Суверенитет. Оние кои не дојдоа во Брисел се Ромите. Меѓу речиси 800 парламентарци, само двајца имаа ромско потекло.

Ромите, сепак, дојдоа! Десетици илјади го искористија членството во ЕУ да побегнат од социјалната исклученост во истокот и да изградат иднина на запад. Берлускони ги врати назад, Саркози ја копира и примени оваа политика и Оланд ја пролонгира. Ромите не беа ловци на богатство. Со забрана за образование и работа и под закана од ултра-десницата, тие се всушност политички бегалци, но тие доаѓаат од земји-членки кои се одобрени од Брисел. Европа НЕМА политички бегалци! Така, Ромите го поминаа океанот и побараа азил во Канада. Толку многу отидоа што Канада почна да ги одбива, омаловажувајќи го расизмот до далечната Европа.

Национален Фронт, Романија Маре, Влаамс Беланг, Британската Национална Партија, Јобик, Партијата на слобода на Австрија, Партијата на слобода на Холандија, Шведските Демократи, Данската Народна Партија, Вистинските Финци, за сите заеднички е евроскептицизмот. Нивниот национален идентитет е нивниот основен идентитет, Брисел е окупаторот и странците се сомнителни.

ИТС колабира, дојде Европската Алијанса за Слобода, и според анкетите за изборите од следната година, 100 места ќе бидат заземени од ултра-десничарски партии. Бројот на популисти – парламентарци ќе биде дури поголем. Европа е блиску до паѓање на својот Лакмусов тест.

Кога ми заврши мандатот во 2009 година, на Европската Комисија ѝ понудив да изработам стратегија за Ромите со помош на мојата широка мрежа. Кога таа понуда беше одбиена, јас ја стартував Светската Иницијатива на Артисти “Khetanes”: глобално движење на 900 ромски артисти и учени, кои се силно фокусирани на Европа. Јас цврсто верувам дека демократијата мора да исполни два услови: сите луѓе заслужуваат претставници и сите претставници мора да бидат квалификувани за нивната работа. Не ни требаат празни зборови, ни требаат умови да не водат.

Нашата најголема криза е морална, нашето битие на два ума. Ние сакаме да се изгради тој јавен парк, заради ефикасност, мир и стабилност, но ние исто така сакаме да ги оддржуваме нашите малечки градини. Ние сакаме да се движиме напред и да се свртиме назад, но не постои назад. Интернетот и другата модерна технологија не направија во луѓе без граници, навистина како Ромите. Дозволете ни да го искористиме најдоброто од тоа!

 

Els de Groen

Автор, поранешен член на европскиот парламент

Основач на Светската Иницијатива на Артисти “Khetanes” (www.khetanes.org)

2,443 Comments