РОМИТЕ МАТУРАНТИ АПЕЛИРААТ-ДА СЕ ЗАВРШИ СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

19021670_688482551338816_1378653034_n-800x600

218 годишната Атиџа Јумеровска, годинава заврши средно училиште-здравствена струка во „Наце Буѓони“. Образованието ќе го продолжи на општа медицина на Универзитетот во Скопје. Се радува на новите можности кои и претстојат.Раскажува за своето искуство во училиштето.

„Одлично беше, се дружевме, во текот на образованието не сум имала проблеми со никого, ниту со професорите, ниту со соучениците“-изјави идната докторка Јумеровска.

Се определила за медицина, по семејна трагедија кога пред очи починал нејзин близок член на семејството и сакала да дознае која е причината за смртта.Вели дека со нетрпение очекува да се запише на факултет. Објасни дека користела стипендија. Често, вели ги мотивира младите Ромки да продолжат со образованието.Оние кои се во средно училиште обично го завршуваат, за разлика оние од основно кои често се откажуваат.

„Треба да се слушаат себеси, да ги следат своите соништа, со напорна работа се може да се постигне“-вели Атиџе.

Таа за неколку години се гледа себеси како лекар кој има своја ординација.

 

Пред неколку години како медицински техничар завршил и Фета Хусеиновски (22) од Куманово.И тој користел стипендија за време на четиригодишното образование.

Тој го продолжува образованието на Медицинскиот факултет, но, иако, користел стипендија не можел да го доврши образованието.Вели дека стипендијата не била редовна, а често му биле потребни средства во даден момент. Неговото семејство користи социјална помош.Сега бара работа и активно се пријавува во Центарот за вработување Куманово.

„Сепак, битно е да се заврши образованието. Апелирам до родителите да ги мотивираат децата да учат“-изјави Хусеиновски.

Својата иднина ја гледа како медицински техничар во странство, затоа што, објаснува таму платите се многу повисоки.

Ниту се намалила, ниту се зголемила бројката на матуранти од ромска етничка заедница во средното кумановско училиште „Киро Бурназ“.Според податоците на училиштето, годинава матура завршиле двајца ученици, едно момче и едно девојче.Инаку, вкупно четврта година завршиле 19 ученици,2016,18 ученици,2015 едно помалку, а 2012 и 2013 по 16 ученици.Половина од нив биле ученички.

„Ситуацијата е мошне комплицирана од една страна, имаме ученици кои се отселуваат, од друга страна има ученици кои се запишуваат, така што последниве години, бројот постојано варира за еден до двајца ученици, плус минус. Мора да се потенцира дека многу влијае задолжителното средно образование, кое ги принудува децата да останат на училиште“-изјави, Весна Трајковска, директор на „Киро Бурназ”. Објаснува дека учениците бираат стручно образование, бидејќи можат полесно да најдат работа. Добро се прифатени од учениците, се дружат.

„Мора да потенцирам дека многу се ажурни кога имаме воннаставни ак тивности, особено девојчињата“-изјави Трајковска. Успехот вели, варира од ученик до ученик, но вели сите се добри ученици, послушни. Најголем процент користат стипендија.

 

Помал број ученици се запишуваат во гимназијата „Гоце Делчев“, објаснуваат од тоа училиште.Во учебната 2013 /2014 имало четири девојчиња, 2015 исто, четири ученички 2015-16 едно девојче, а годинава матурирале едно девојче и едно машко.1

„Кај нас најголем процент доаѓаат одлични ученици,генерално од сите етнички заедници.Како кај сите дел го задржуваат успехот, дел се послаби, битно е што учат и се трудољубиви, тоа е особено значајно за нивниот понатамошен развој“-изјави директорката на гимназијата, Соња Тодоровска.Досега, во службите немаат евидентирано проблеми со ученици кои се пожалиле на каква било дискриминација или поинаков однос од професорите или соучениците заради етничка припадност.

„Последниве години зајакната е свеста, гледам учениците се дружат и надвор од училиштето,одлично се прифатени“-изјави Тодоровска.

 

Две ученички матурирале годинава на здравствената струка во „Наце Буѓони“ во Куманово,информираат од ова стручно училиште.

„Ученички од ромска националност во нашето училиште се заинтересирани за учење во здравствена струка – образовен профил – медицинска сестра“, изјави директорката на училиштето, Лидија Михајловска.

Во однос на претходната учебна година ( 2015/16) кога имало запишано девет ученички Ромки од прва до четврта година оваа учебна година има запишано десет ученички. Во прва година запишани се четири во здравствена струка, во втора година исто така, четири во здравствена струка, во трета година две од кои едно во здравствена и едно во електричар за компјутерска техника и автоматика и во четврта две во здравствена струка.

„Од вкупно десет ученички Ромки кои учеа оваа година во нашето училиште од нив три земаат условен паричен надомест кој го исплаќа Министерство за образование и наука за ученици на кои семејството им е корисник на социјална помош. Од страна на стручната служба секој мерен период ( на 2-3 месеци) се внесуваат податоци за редовност на учениците од што зависи дали ќе им биде исплатен надоместокот. Овие три ученички се редовни и примаат надомест“-изјави Михајловска.

Стручната служба на училиштето ја следи работата на сите ученички и со нив работи на подобрување на успехот и редовноста. Исто така ги вклучува и во воннаставни активности како што се разни секции, меѓуетничка интеграција, проекти на невладини организации, посети на други училишта и институции и слично.Во училиштето има и професори ментори определени од МОН кои ја следат работата на ученичките и им помагаат во постигнување на подобар успех.

 

Во „Перо Наков“,годинава завршиле четири ученици,од нив три девојчиња, лани осум, од нив шест ученички, предминатата шест од нив пет ученички.

„Добри се ученици, не се проблематични. Мора да се потенцира дека дел го напуштаат образованието, претпоставувам и од она што го кажуваат родителите се иселуваат“-изјави директорката Лидија Тасевска.

 

Според податоците на секторот за образование од општина Куманово, оваа учебна година средно образование завршиле десет ученици од ромска етничка заедница, од кои едно во гимназијата „Гоце Делчев“, четири во „Наце Буѓони“, пет во „Киро Бурназ“. Оттаму информираат дека во трета година настава следат 16 ученици од ромска етничка заедница, од кои три во „Перо Наков“, шест во „Наце Буѓони“, а седум во „Киро Бурназ“, во втора година, пак има 18 ученици од нив по осум во „Киро Бурназ“ и во „Наце Буѓони“, а, две во „Перо Наков“. Во прва година, во четирите средни кумановски училишта има 15 ученици, од кои по едно во гимназијата „Гоце Делчев“ и „Перо Наков“, седум во „Наце Буѓони“ и шест во „Киро Бурназ“. Вкупно 59 ученици има во средните училишта

„Следејќи ги овие податоци, може да се констатира  дека расте бројот на запишани средношколци Роми на подрачје на  Куманово.Мислам дека во текот на годините голем удел имаа и ромските невладини организации и здруженија, кои напорно работеа, учениците од оваа етничка заедница да останат во училиштата, особено ученичките, кои во минатото не го оформуваа образованието и обично на  таа возраст се мажеа. Сега веќе нема толкав осип како што беше изминатите децении“-изјави раководителот на секторот за образование од општина Куманово, Жика Крстевски.

Обајсни дека и воведувањето на законот за задолжително средно образование дал придонес во однос на уписите и завршувањето на средното образование на учениците од ромска етничка заедница.

„Мислам дека низ годините зајакна и свеста кај родителите дека само преку образование нивните деца можат да имаат иднина, да се оспособат, научат, да се снајдат полесно на пазарот на трудот и воопшто во животот.И сите ние, како институции, невладиниот сектор, родителите заедно мора да работиме да сите ученици се запишат и сите да го завршат образованието“-изјави Крстевски.

Посебно задоволство е, додава кога учениците од Куманово запишуваат факултет, кога стануваат добри работници кои придонесуваат за развојот на локалната заедница. Поалармантно за него е како да останат учениците во основното образование. Според податоците на овој сектор вкупно во 16-те основни училишта во градот има 407 ученици од ромска етничка заедница, но како што додава Крстевски, бројот на запишани не  кореспондира со бројот на  ученици кои го завршуваат образованието. Најчесто,за два до три пати се осипува тој број, вели некогаш и за четири пати.

„Во последно време, сведоци сме дека голем дел од семејства од ромска етничка заедница заминуваат на сезонска работа по државите од Балканот, но голем е и бројот на оние семејства кои мигрираат во земјите од Западна Европа“-изјави Крстевски. Инаку, во основното образование почнувајќи од трето одделение учениците од ромска етничка заедница можат да следат и предмет  ромски јазик и култура. Лани, според податоците на секторот овој предмет го следеле 25 ученици, а годинава 27.

Надлежните од училиштата, наставниците, професорите, но и невладините апелираат до институциите да се најдат оние ученици кои не го довршуваат образованието. Законски следуваат казни за оние родители чии што деца не одат редовно на училиште, но велат во пракса слабо се применуваат овие казни.Според одговорните од средните училишта не е проблемот во казните, туку пред се во сиромаштијата. Дел од учениците доаѓаат од социјално ранливи категории семејства, така што немаат можности да го дооформат образованието. Објаснуваат дека последниве години поретко се мажат девојчињата во средно образование. Сметаат дека е зајакната свеста кај родителите дека децата мора да го завршат образованието, оти, според нив тоа е најдобра можност за понатамошен успех во животот.