РОМИТЕ ОД РЕГИОНОТ СО СЛИЧНИ ПРОБЛЕМИ ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

20170819_204607-800x600

Бесплатно здравство, бесплатни здравствени прегледи за бремени жени, прегледи за новороденчиња, бесплатна вакцинација, доколку се осигурани им следуваат и на Ромите од Србија и соседните држави.И таму, како и во Македонија, велат младите Ромки од Србија проблем со здравсто имаат исклучиво лицата кои немаат државјанство, односно лица кои воопшто немаат никакви документи.Државата се обидува да им излезе во пресрет, преку медијатори, со едукација за навремени контроли, но во пракса не е се идеално, објаснуваат млади девојки, инаку, членки на граѓански организации, дел од нив вработени во јавниот и приватниот сектор во Србија.

Сепак, додаваат нашите соговорнички, иако во најголем дел немаат проблеми, сведоци биле на вербална дискриминација кон пациентите од ромската етничка заедница, која ја прават одредени лекари и среден медицински персонал, обично во помалите места кај нашиот северен сосед.Но, задоволни се од начинот на функционирањето на медијаторите.Воедно, додаваат дека има низа на афирмативни мерки кои се однесуваат на пациентите Роми, меѓу нив и здравствени медијатори, кои преставуваат спој на државните институции и ромската заедница во Србија.Во населбите каде што живее ромското население, медијаторите ја спроведуваат евиденцијата, што е исклучително важно за заедницата и ја спојуваат заедницата со институциите на тој начин што тие, наместо пациентите ги закажуваат здравствените прегледи во Домовите за здравје, овозможуваат полесна вакцинација кај децата и помагаат во заверувањето на здравстевните книшки.

20170819_204546-800x600

„Во Србија, претпоставувам дека и во Македонија, здравствената заштита е бесплатна за сите граѓани на државата.Постојат афирмативни мерки во областа, поврзани со ромската популација.Првата е содржана во афирмативниот правилник за пружање на здравстената заштита, каде со една одредба е регулирано дека Ромите кои немаат живелиште во Србија, а тоа се главно раселени лица од Косово, да имаат можност полесно да дојдат до здравствена услуга, секако бесплатно, иако не се државјани или немаат документи.Втората, афирамтивна мерка е посебен механизам кој функционира од 2009-та година и е наменет за подобрување на здравствената состојба кај Ромите, а тоа е воведувањето на здравстени медијатори, чиј број во моментов изнесува 75 во Р.Србија, кои се вработени во Министерството за здравство“-изјави, претседателката на женската ромска мрежа, активист, Марина Симеуновиќ.

Таа додава дека нивниот статус не е идеален, но како граѓански активист вели дека сега се во фаза на пружање поддршка на здравствените медијатори во нивната „борба“ за подобрување на нивниот статус.

20170819_193845-800x600

Тања Ѓорѓевиќ од Крагујевац, вработена како педагошки асистент во основно училиште објаснува дека во тој град добро функционираат здравствените медијаторки, а генерално и во државата.Таа истакнува дека секој оној кој има здравствена книшка има бесплатно здравство, вклучително бремените жени и родилките.

„Немам конкретни податоци на ниво на државата, но во Крагујевац околу 85 проценти Роми, имаат здравствени книшки, а пет проценти се лица кои се правно невидливи.Околу 85 проценти од Ромите имаат изберено лекар.Засега немам податоци дека некој во моја близина се соочил со дискриминација во однос на добивањето на здравствена заштита“-вели Ѓорѓевиќ.

Бесплатната здравствена заштита, додава ги гарантира правата на граѓаните.Оние кои немаат здравствена книшка ги плаќаат здравствените услуги.

Тамара Асковиќ од Крушевац вели дека лично никогаш не доживела проблем при добивањето на здравствената заштита.Сепак, како вработена во ромска граѓанска организација, вели дека во нивната заедница имало проблеми со однос кај одредени лекари здравствени работници.

„Главно се дискриминарани во смисла, последни ги повикуваат на преглед.Имавме ситуација со мајка која барала топломер, а која беше нападната со зборови-Вие раѓате деца,а немате пари да купите топломер“-раскажува Асковиќ.

Таа истакнува дека и покрај добрата работа на медијаторите, се уште е мал процент на жени Ромки кои редовно ги посетуваат гинеколозите.Добро е што лекарите од Србија редовно ги посетуваат ромските заедници во Србија, каде што ги мотивираат и едуцираат за исклучителното значење за посетите кај гинеколозите.

Членките на граѓанскиот сектор велат дека во иднина како и досега ќе преземат чекори за дополнителна здравствена едукација на Ромите.