Ромки во 11 ЕУ земји во лоша здравствена состојба

fra

Истражувањето на Агенцијата за основни човекови права на Европската Унија покажало дека жените Ромки на 50-годишна возраст, кажале дека нивната здравствена состојба е лоша или многу лоша. Таквиот процент, според истражувањето, е двојно поголем отколку кај жените не – Ромки (55% и 29%). Но, од друга страна пак, повеќето Роми не пријавиле проблеми во достапноста на здравствената заштита и грижа во ситуации кога таа им била потребна.

 

Жените Ромки на возраст од 50 години во 11 земји членки на ЕУ се соочуваат со лоша или со многу лоша здравствена состојба. Таквата состојба е изведена во споредбата со жените не – Ромки на истата возраст во истите земји. Сето тоа го покажало истражувањето на Агенцијата за основни човекови права на Европската Унија, која во блиска соработка со Европската Комисија, земјите – членки во кои се вршело истражувањето, УНДП и со Светската банка решиле дека итно треба да поработат на создавањето индикатори и да собираат податоци за стратегиите за ромска интеграција, посебно на локално ниво.

Истражувањето беше спроведено во соработка со Европската Комисија, УНДП и Светска банка. Тоа се спроведуваше во Бугарија, Чешка, Франција, Грција, Италија, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и во Шпанија. Во него биле вклучени вкупно 10,811 Роми и 5,508 не – Роми, жители на тие земји кои биле интервјуирани лице в лице, со што се овозможило собирање информации на приближно 61,000 членови на домаќинства.

Истражувањето спроведено во 2011 година, а објавено пред два – три месеци, покажува дека 24% од жените Ромки на возраст помеѓу 20 и 64 години се изјасниле дека имаат платено вработување во споредба со 40% на мажи Роми. Во областа на здравството, жените Ромки на 50-годишна возраст кажале дека нивната здравствена состојба е лоша или многу лоша. Таквиот процент, според истражувањето е двојно поголем отколку кај жените не – Ромки (55% и 29%). Но, од друга страна пак, повеќето Роми не пријавиле проблеми во достапноста на здравствената заштита и грижа во ситуации кога таа им била потребна. Само 5% од жените Ромки и 4% од мажите Роми кажале дека иако итно им била потребна медицинска грижа, не можеле да видат доктор или да дојдат до доктор во последните 12 месеци.

Повеќе информации од анализата на Агенцијата за основни човекови права која се темели на резултати добиени по полова структура, може да најдете на следниот линк:

http://fra.europa.eu/sites/default/files/ep-request-roma-women.pdf

1,942 Comments