Ромски филм на Канскиот фестивал

1399393_427048800765338_1711538131_o

Филмот е драма и е приказна за млада ромска брачна двојка кои што посакуваат да живеат многу обичен и смирен живот – а, тоа е нешто скоро невозможно за малцинската група на која што и припаѓаат.

 

„Cesta Ven” или „Излез надвор” е насловот на чешки филм кој беше избран за проекција на Канскиот филмски фестивал, кој се одржа во мај, годинава. Филмот е драма и е приказна за млада ромска брачна двојка кои што посакуваат да живеат многу обичен и смирен живот – а, тоа е нешто скоро невозможно за малцинската група на која што и припаѓаат. Така, тие самите почнуваат да водат нееднаква битка против најчесто непријателски расположеното мнозинство, притоа сочувувајќи го своето достоинство и љубов.

Авторот на филмот Петр Вацлав совршено го доловува животот во ромските населби во Чешка. Тој знае како живеат луѓето таму, што ги мачи и со какви проблеми се соочуваат. Филмот се снимал на вистински локации, надвор и внатре во чешкиот град Острава и околината, вклучително и познатото чешко населено место на улица Преднадражи. Главните улоги ги играат Роми кои не се професионални глумци.

Снимател на филмот е Штепан Кучера, кој веќе соработувал со Вацлав на филмовите Мариан и Паралелни светови. Овој филм ја прикажува манифестацијата на културата на сиромаштија која што е главна причина која што ги спречува овие луѓе да имаат нормален живот во земјата.

Користењето дроги, коцкањето, ситниот криминал, проституцијата и целосната запустеност се широко распространети во ромските заедници во Чешка. Дополнително, луѓето се противат на бирократијата, непријателскиот пристап од државата кон нив, а таков е и односот на локалните власти кои им го отежнуваат животот секојдневно. Дискриминаторскиот пристап за домување, на пазарот на труд, како и во училиштата во Чешка, за жал е составен дел од нивниот живот. Затоа, луѓето многу често немаат средства, а често и сила да побараат регуларно вработување и регуларно школување.

Филмот раскажува приказна на жена која се спротивставува токму на оваа предодреденост и одбива да ја прифати. Таа се противи на извршувањето криминал, туркајќи ги членовите на нејзиното семејство да одат регуларно на училиште и да имаат регуларна работа, затоа што не сака да биде зависна и должна од никого и кон никого. Притоа, таа силно се бори за нејзе и за најблиските да истраат во нејзината намера и позиција.

Кратко промотивно видео на овој филм може да најдете на следниот линк:

http://kultura.idnes.cz/video-filmu-cesta-ven-056-/filmvideo.aspx?c=A140509_132417_filmvideo_spm

Целосниот текст може да се преземе овде:

http://www.romea.cz/en/news/czech-director-s-the-way-out-brilliantly-captures-ghetto-life

 

890 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.