Сигурни земји: Србија, Македонија и Босна и Херцеговина

sigurni-

Германската Влада сака да го ограничи бројот на баратели на азил од Балканот. Новите мерки посебно ќе ги погодат Синтите и Ромите. Опозициските политички партии Левицата и Зелените ја обинуваат владата дека ја „загадуваат климата” во земјата.

 

Текстот е преземен од Дојче Веле

Владејачката коалиција која ја сочинуваат Христијанско – демократската Унија, Христијанско – социјалната Унија и Социјалдемократската партија, со нов закон сакаат Србија, Македонија и Босна и Херцеговина да ги прогласат за сигурни земји и со самото тоа, на граѓаните од овие земји да им ја скратат постапката за добивање азил.

А, надлежната институција, Сојузната канцеларија за миграции и за бегалци во тој случај, по правило би тргнувала од ставот дека не се засновани барањата за азил. Тоа значи дека барателите, главно Синти и Роми, во постапката за проверка на барањата за азил ќе мора да докажуваат дека се прогонувани во нивните матични земји. Во спротивно, може да бидат протерани од Германија. Тужба против таква одлука ќе мора да се поднесе во рок од седум дена. Како сигурни земји важат сите земји – членки на Европската Унија, како и Гана и Сенегал.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезијер од Христијанско – демократската Унија во своето образложение укажа дека Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, од кога дојде укинувањето на визите за граѓаните во тие земји, во 2009 и во 2010 година, во Германија стигнува сè поголем број баратели на азил. Во моментот, една четвртина од вкупниот број барања за азил отпаѓа на државјани од овие три земји. Станува збор за миграција заради сиромаштија, што кај германските граѓани предизвикува сè поголемо недоразбирање. Одговорната азилантска политика мора да биде насочена кон „голема подготвеност на нашето општество да ги прифати оние на кои што таквата заштита навистина им е потребна”, рече министерот за внатрешни работи, отфрлајќи ја притоа критиката на опозицијата и на хуманитарните организации во земјата.

Целосниот текст може да го прочитате на следниот линк: http://www.dw.de/sigurne-zemlje-srbija-bih-i-makedonija/a-17689547

 

 

 

 

1,497 Comments