„Слобода на раѓањето“

21

Регионална акција за хуманизација на породувањето

 

„Слобода на раѓањето“ е регионална иницијатива која ја покрена група на здруженија и активистки од сите земји од бивша Југославија. Целта на иницијативата е да го сврти вниманието на јавноста кон третманот на жените и нивните права во текот на породувањето, како и да укаже на неопходноста од добрата комуникација меѓу медицинскиот персонал и родилките во текот на породувањето. Во нашата држава акцијата ја спроведува Центарот за интегрална јога Дарма и здружението Нова Искра.

Долгорочна цел на оваа иницијатива е трансфорирање на породилиштата во пријатели на мајките според препораките на Интенационалната породилна иницијатива Мајка и бебе.

Во периодот на осум дена Акција за хуманизација на породувањето, од 1 до 8 март, организациите од Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора ќе организираат настани, трибини, изложби, проекции на филмови кои се занимаваат со оваа тематика, како и бројни други активности насочени на третманот на жената во текот на породувањето. Една од првите активности е спроведување, коментирање и споредување на резултатите на истото истражување кое се спроведе во секоја земја, а кое би требало да даде почетна слика за третманот на идните мајки во моментите на породувањето.

Во Македонија ќе биде прикажан документарниот филм „Слобода за раѓањето“ (Freedom for Birth), ќе биде организирана изложба на фотографии на фотографката Маја Аргакијева, а ќе се направи и средба на породени мајки, бремени жени и стручни медицински лица кои би ги споделиле своите искуства и размислувања.

Фактот дека жените од овие земји во само неколку недели се мобилизираа, организираа и осмислија кампања на потполно волонтерска основа, доволно зборува за тоа дека третманот на жената-родилка во ниту една од земјите не е на задоволително ниво и дека секаде има простор за напредување. Веруваме дека оваа заедничка иницијатива е само првиот чекор кон тој напредок, како и дека обединетите жени навистина можат да ги поместат границите и заеднички да се насочат кон решавање на проблемите.

Освен што околу акцијата се покрена здруженијата-организатори, во сите држави таа значеше и покренување на многу поддржувачи и волонтери. За да може да се организираат случувањата кај нас допринесоа Алто филмс, Кинотека на Македонија, ГфК Скопје, кафулињата Иззи кафе и Концепт 37, печатниците Унистар и Полиестердеи, Дормео, фотографката Маја Аргакијева, како и стручни лица од различни области – акушерки, гинеколози, медицински сестри, адвокати, психолози, новинари.sloboda-na-ragjanjeto

 

Список на организациите кои учествуваат во регионалната акција

 

Македонија

Центар за интегрална јога Дарма преку своите програми за пренатална јога холистички ѝ приоѓа на жената во периодот на бременоста, подготвувајќи ја за породувањето и периодот на раното детство, фокусирајќи се како на организмот на жената, така и на нејзината целокупна личност.

Нова Искра е здружение за мотивација и посреќен, поисполнет, попродуктивен живот за сите, посебно за личностите со физички и ментален инвалидитет, кое промовира рамноправност и инклузија на сите, без оглед на етничката, националната, верската, политичката припадност или попреченоста.

 

Босна и Херцеговина

Федерација Босна и Херцеговина

MAGNA (www.magna.ba) е независно, нерофитно,непартиско здружение за поддршка и едукација на жени чијашто цел е заштита и јакнење на правата на жените, посебно бремените жени и родилките, низ поддршка, едукација и поврзување.

Centar za majku i dijete “Fenix” (www.centar-fenix.com,www.bhmama.org) дава сеопфатна стручна помош и поддршка на семејствата за време на бременоста и првите години од животот на бебето, со цел подобрување на квалитетот на животот, јакнење на самодовербата и сопствените одговорности.

Prirodan Porod (www.prirodanporod.com) е портал чиишто главни цели се едукација на жените и зголемување на свеста: 1) за раѓањето – како физиолошки процес кој во случај на нормални околности НЕ БАРА рутински медицински интервенции; 2) за АКТИВНАТА улога на жената во раѓањето.

 

Република Српска

DRIP – deca, roditelji i porodilje претставува група заинтересирани граѓани и граѓанки кои, меѓу останатото, се занимаваат со репродуктивните права и со здравјето на жените во Бањалука, Република Српска, Босна и Херцеговина.

Iskustvo porođaja u Banjaluci е ФБ страна на која за прв пат во Босна и Херцеговина се говори за лошите услови во породилиштата, а целта е да се соберат искуства од породилиштата и на тој начин да се укаже на сериозните проблеми во системот за здравствена заштита.

 

Србија

Centar za mame  (www.centarzamame.rs)  се залага за правата на мајките, се бори против сите видови дискриминација на кои се изложени мајките, ги поврзува и умрежува мајките и промовира активен стил на живот.

Udruženje Mati (www.mati.rs) има за цел да ги информира, поддржи и охрабри мајките во текот на бременоста, породувањето, доењето и раното мајчинство.

Udruženje dula Srbije (www.dula.rs) дава емотивна поддршка и придружба на жената во текот на бременоста и породувањето. Ги охрабруваме жените да направат информиран избор кога е во прашање нивното породување.

Tvoj Porođaj (www.tvojporodjaj.com) дава физичка и духовна поддршка на бремените жени и професионална придружба на родилките. Организира едукативни работилници и психофизички подготовки за породување.

Udruženje babica Srbije (www.divnababica.com) е непрофитно професионално здружение кое ги обединува бабиците на територијата на Република Србија со цел континуирано стручно усовршување и унапредување на положбата и угледот на бабиците.

 

Хрватска

Udruga RODA Roditelji u akciji (www.roda.hr, rodilista.roda.hr) е збир на граѓани кои се залагаат за достоинствена бременост, родителство и детство.

 

Словенија

Društvo Porodna Hiša (www.porodnahisa.si) е друштво кое дава поддршка, информации и помош од зачнувањето до првите чекори.

 

247 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.