Совети за здрава бременост

Screen Shot 2015-01-20 at 12.44.03 PM

Тим доктори од Клиниката за гинекологија и акушерство Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир и Заводот за мајки и деца даваат совети на Фејсбук страницата, креирана од Министерството за здравство, „Здрава бременост”.

 

 

Совети за здрава бременост и други новини, вести и информации кои што се важни и потребни за бремените жени во Македонија нуди Фејсбук страницата насловена како „Здрава бременост”, а креирана од страна на Министерството за здравство.

Страницата нуди совети за здрава исхрана, вежбање, дишење за време на бременост, како и за време на породување, кои лабораториски испитувања за време на бременоста треба да се прават, информации за доењето, препораки за новите родители како да се справат со новите ситуации со нивните новороденчиња, се дел од темите за разговор и дебата кои што се поставуваат на оваа Фејсбук страница.Screen Shot 2015-01-20 at 12.44.03 PM

Но, најважно е што на оваа страница е овозможена директна и непосредна комуникација преку поставување прашања во врска со бременоста или постпородилниот период, на кои со стручни совети и препораки одговара тим на лекари од Клиниката за гинекологија и акушерство, Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир и Заводот за мајки и деца.

На пример, еден од советите се однесува на важноста на фолната киселина за време на бременост. Еве што се посочува во „Здрава бременост”:

„- Зошто е потребна фолната киселина во текот на бременоста и колку време треба да се внесува?

Одговор: Научно е докажано дека фолната киселина има протективно дејство врз плодот. Количината фолна киселина која се внесува преку храна, се смета дека не е доволна за да се постигнат овие ефекти, па затоа се препорачува дополнителен внес. Кај неризични бремености се користи до 12 гестациска недела”.

 

Или оваа информација:

„Секој матичен гинеколог е должен при секоја констатирана бременост на пациентката да и пополни и издаде МАЈЧИНА КНИШКА и Брошура за здрава бременост.

Бременоста ја следи матичен гинеколог преку пополнување на Мајчината книшка, со внесување на наодите од сите прегледи кои гинекологот ги врши за време на бременоста, а кои се дефинирани согласно Упатството за антенатална грижа”.

 

Што сè точно нуди оваа Фејсбук страница, може да видите на следниот линк: https://www.facebook.com/zdrava.bremenost

741 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.