Што е Приска 2 и Приска 3 тест и кога се прават?

eho

Преземено од http://bebeboom.mk/

 

Во 12 недела од бременоста се прави многу важен ултразвучен преглед на кој вашиот доктор врши проверка на должината на наборот на вратот на плодот (должина на нухална туба), дали е присутна носната коска и меѓу останатото се врши процена на ризикот од Даунов синдром. По овој преглед, најдобро од 13 до 13,5 недела од бременста треба да се направи Дабл тест – Приска 2, кој се прави со венска крв од трудницата.

Со овој тест се мери нивото на присутни хормони во мајчината крв, алфафетопротеин АФП, слободен естриолУЕЗ и хорионскигонадотропин ХЦГ , кои го означуваат евентуалниот ризик од хромозомски аномалии.

Доколку вашиот доктор процени дека е потребно по 15 недела се прави и Трипл тестот – Приска 3 тестот. Овој тест може да се направи и ако трудницата претходно не направила Дабл тест.

Колку Дабл и Трипл тестовите се веродостојни и сигурни?

Степенот на веродостојност и сигурност на Дабл тестот кој се прави од 15 до 20 недела од бременоста е 65%, додека веродостојноста и сигурноста на Трипл тестот кој се прави во истиот период изнесува од 75%  до 78%. Меѓутоа треба да се истакне дека веродостојноста на ран Дабл тест (Приска 1) кој се прави во 12 недела од бременоста е зголемена на 80%.

Што покажуваат овие тестови?

На основа на ултразвукот во 12 недела и Дабл и Трипл тестот се проценува вкупниот ризик од Даунов синдром, како и други хромозомски аномалии кај плодот, како што се Едвардсов синдром, СЛО синдром. Доколку се покаже дека постои веројатност за хромозомопатија, поточно ако резултатите од Трипл тестот се абнормални, вашиот доктор ќе ве упати да направите анализа на плодовата вода-амниоцинтеза.

Порано се сметало дека во текот на бременоста крвта од мајката и плодот не се мешаат. Но, докажано е дека одреден број на клетки од мајката се наоѓаат во крвта на плодот, но и обратно, дел од клетките на плодот (фетални клетки) се наоѓаат во мајчината крв.

Кај трудниците меѓу 11 и 13,6 недела од бременоста се прави двоен хормонален тест наречен ПРИСКА 1 (се зема 5 мл венска крв, од кој се одредуваат два параметра -слободен BHCG и PAPP-A.). Првиот е кај трдудниците кои носат плод со ДС зголемен, другиот е снижен. Овие вредности ги внесуваме во компјутерски програм заедно со мајчината старост, големината на плодот и вратната светлина, може да го пресметаме ризикот за ДС и ако е поголем од 1:300,советуваме кариотипизација.

Тројниот елиминаторен тест е испитување кое е на основа на концентрациите на трите параметри – алфафетопротеин (АФП), хорионскигонадотропин ( ХЦГ ) и слободен естриол (уЕ3) во крвта на трудницата, заедно со староста на трудницата и точниот податок за траењето на бремненоста го одредува релативниот ризик за Даунов синдром. Тестот може да се изведе помеѓу 15-20 недела на бременост, а најсигурен е помеѓу 16-18 недела, кога УЗ измерениот бипариетален пречник е помеѓу 32 и 44 мм.

Вредностите од хормоните со компјутерска програма се ставаат во корелација со староста на трудницата, одредени ултразвучни мерења на плодот ,дали сте пушач, дијабетичар, дали сте забремениле со ИФВ и се добива резултат на одредена веројатност за постоење на хромозомопатија.

Тројниот елиминаторен тест покрај ризикот за Даунов синдром покажува и поголем ризик за можни поголеми неправилности во развојот на нервната туба (anenncephalia, myelomeningocella). Кај тие случаи концентрацијата на АФП е многу покачена. Тестот е без употребна вредност кај повеќе плодова бременост и кај трудници кои се лекуваат со инсулин.

 

Текстот во целост може да го најдете на следниот линк:http://bebeboom.mk/dabl-i-tripl-test-priska-2-i-priska3/

457 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.