Стратегии за намалување на смртноста кај родилките

izvestaj

Се ближи крајот на таргетите за 2015 година, поставени во рамки на милениумските развојни цели. А, тие таргети во овој случај се однесуваат на намалување на процентот на смртноста кај родилките. Но, агендата за намалување на смртноста кај родилките остана незавршена и е една од најкритичните предизвици, независно од напредокот постигнат во последните десет и повеќе години. Иако смртноста кај родилките се намали за 45% од 1990 година, 800 жени секој ден, од различни причини умираат како пред, така и после породување. Вкупно 99% од таквите случаи се забележуваат во ниско и во средноразвиените земји во светот.

 

Затоа, агенциите на Обединетите Нации, донатори, засегнати страни и други партнерски организации за развој се сретнаа во Банког, Тајланд во 2014 година со цел да се направат консултации за целите за намалување на смртноста на родилките во светот. Во февруари 2015 година се промовирани стратегии за намалување на смртноста кај родилките.

Така, цели, односно таргети што секоја земја треба да си ги постави за намалување на смртноста на родилките, на глобално ниво е таа што глобалната цел е помалку од 70 до 2030 година. Но, тоа не значи нужно и цел на секоја земја одделно. Препорачани се следните национални цели (таргети):izvestaj2

За земјите со просек на смртност на родилки помал од 420 во 2010 година (тука спаѓаат повеќето земји на светско ниво), треба тој просек да го намалат за најмалку две третини до 2030 година, земајќи го предвид периодот помеѓу 2010 и 2030 година.

За земјите со просек поголем од 420 во 2010 година – стапката на опаѓање би требало кај овие земји да се движи побрзо, така што земјите од оваа група, до 2030 година не треба да имаат просек на смртност кај родилките поголема од 140.

За сите земји кои со ниска стапка на смртност кај родилки во 2010 година, треба да се постигне намалување на смртноста на родилките на локално ниво, со цел тој процент да се изедначи со процентот на национално ниво.

Поставувањето цели покренува и една друга потреба, а тоа е подобрување на мерливоста на статистичките податоци и на другите информации за да може да се овозможи точно следење на напредокот на секој земја одделно, како и да се следат причините за смрност кај родилките. За да може да целите да имаат смисла и да се воспостави соработка за што поуспешно стратешко планирање и споделување на најдобрите практики на регионално ниво, може во некои региони да се постават дури и поамбициозни цели, односно таргети.

Повеќе за стратегиите може да најдете тука: http://who.int/reproductivehealth/topics/maternal_perinatal/epmm/en/

129 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.