Султана Салихи уште бара начин како да го уреди својот граѓански статус

edno-storija3

Продолжува приказната за проблемот на Султана со државјанство и лична карта

Султана Саљихи неколку пати се обрати до надлежните институции во Куманово и Скопје за да се здобие со државјанство и лична карта. Во овој процес се вклучи и Национален ромски центар со финансиска и правна помош. Засега има извод од МКР, изваден во Скопје во Ѓорче Петров во месец септември 2011 година, како прв нејзин личен документ, иако е родена во 1985 година во с. Злокуќани, Скопје.

Султана со помош на НРЦ се обрати до СВР Куманово за да поднесе барање за издавање на државјанство. Секторот во Куманово не го прими барањето со образложение дека ја има во системот внесено како државјанин, но нема адреса, па не можат да и издадат државјанство. Ја упатија да се обрати во Скопје. Управните служби во Скопје надлежни за државјанство одговорија дека не може да и се издаде државјанство, туку прво треба да извади лична карта. Ја упатиле во Куманово да извади лична карта со адреса на живеалиштето на вонбрачниот сопруг со кој има 3 деца. Ниту еден од родителите не е присутен за да и се издаде прва лична карта како што се бара, туку има само копии од нивни документи.

По повторно враќање во СВР Куманово, Султана добива одговор дека не може да и се издаде лична карта поради тоа што не е венчана со лицето со кое живее и пак ја упатуваат во Скопје.

Имајќи во предвид дека лицето е без документ за идентификација, НРЦ упатува апел до управните служби на СВР Куманово и Скопје што поскоро да се координираат и да ја повикаат странката за да и се овозможи да го регулира својот граѓански статус.

Приказната за Султана Салихи првично беше објавена во ЕДНО на 26.12.2011 година.

 

[galleryview id=2]

1,731 Comments