Шуто Оризари без матичен гинеколог

izvestaj

Ова се најде во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година на Народниот правобранител на Република Македонија

 

„Загрижувачки се состојбите по однос на бројот на граѓаните кои бараат заштита од народниот правобранител споредбено со бројот на жителите во Република Македонија. Податоците за примените претставки покажуваат дека граѓаните се соочуваат со големи потешкотии во постапките пред јавната администрација, судството, затворите, полицијата, органите и организациите што имаат јавни овластувања итн“. Ова го соопшти народниот правобранител на Република Македонија Иџет Мемети, по повод презентацијата на годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година.

Народниот правобранител постапувал по вкупно 4.995 претставки, од кои во 2014 година биле примени 4.249 , а останатите 746 биле пренесени од претходната година. Бројот на предметите е зголемен за околу 400 случаи што укажува на појава дека се повеќе граѓани бараат заштита од Народниот правобранител.

Во извештајот, меѓу другото, посебно се потенцираат следниве нерегуларности:

 

ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ БЕЗ МАТИЧЕН ГИНЕКОЛОГ ДЕВОЈКИТЕ И ЖЕНИТЕ СЕ СНАОЃААТ КАКО УМЕАТ!

Во општина Шуто Оризари се уште нема гинеколог кој би можел да обезбедува гинеколошко-акушерски услуги за жените и девојките од општината. Иако во програмата на Министерство за здравство беше предвидено отворање на гинеколошка ординација, сепак ова не се спроведе и жените и девојките од оваа општина избраа матични гинеколози во други општини од кои не се задоволни,а се жалат и на незаконска наплата и неквалитетни здравствени услуги. Од јули 2014 година, Министерството обезбеди гинеколошка ординација која нуди здравствени услуги од еден гинеколог еднаш неделно, но не понуди матичен гинеколог за да можат жените и девојките непречено и квалитетно да ги остваруваат правата од репродуктивното здравје.

 

НЕНАВРЕМЕНАТА ИСПЛАТА НА ПАРИЧНИТЕ НАДОМЕСТОЦИ ОД СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА ЈА ЗАГРОЗИЈА ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА НА КОРИСНИЦИТЕ

Народниот правобранител констатира задоцнета и ненавремена исплата на паричните надоместоци за Социјална парична помош, Еднократна парична помош, Постојана парична помош, помош и нега од друго лице, родителски додаток за трето дете, условен паричен надоместок и субвенционирање за електрична енергија. Меѓуопштинските центри за социјална работа ја префрлуваат одговорноста на Министерството за труд и социјална политика, а оттаму не се преземени позначителни мерки за редовна и тековна исплата, особено за средствата кои треба ретроактивно да им се исплатат на корисниците на социјална заштита.

 

ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА НЕ МОЖАТ ВО ЦЕЛОСТ ДА ГИ СПРОВЕДАТ СОПСТВЕНИТЕ РЕШЕНИЈА

Поради конфликтни односи и нетрпеливост помеѓу родителите кои се разведени/разделени, се повредуваат децата со тоа што им се ограничува правото на видување со родителот со кого не живеат. Надлежните центри за социјална работа најчесто им укажуваат на родителите на обврската да го почитуваат решението за видување или ги упатуваат родителите на третман во Советувалиште, но не успеваат секогаш да го заштитат детето и неговото право на подеднаква основа да остварува контакти со двајцата родители, односно непречено да остварува лични односи и контакти со родителот со кого не живее.

 

Годишниот Извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година

 

623 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.