Успеавме затоа што проговоривме

elena

Елена Горолова води кампања за правдата врз жените Ромки кои што се засегнати од присилната стерилизација во Република Чешка

Објавено на 21 март 2013 од Helena Scott

 

Присилната стерилизација врз жените Ромки е едно од најужасните прекршувања на човековите права и форми на дискриминација од кои Ромите страдаат во Европа уште од нивните прогонувања и убиства од страна на нацистите за време на Втората светска војна.

Според чешкиот народен правобранител, од 80-тите години до денес, 90 000 жени се стерилизирани на територијата на поранешна Чехословачка. Иако повеќето од присилните стерилизации биле извршени во 70-тите и 80-тите, најновиот случај беше пријавен во 2007 година.

Елена Горолова е моќен активист за донесување на правдата за жените Ромки кои се погодени од присилната стерилизација во Република Чешка. Таа зборуваше за нејзиното искуство со активистите и лобистите на Amnesty International во Брисел:

Со многу години во Република Чешка и Словачка, бремените Ромки беа присилно стерилизирани откако ќе отидат во болница да се породат. Тоа е хируршка процедура изведена без дозвола на жената, која ги спречува повторно да забременат со тоа што ги блокираат фалопиевите туби на жената. Лекарите се насочија кон жените Ромки за оваа процедура – често за време на царски рез или абортус – и тоа без да имаат добиено целосна согласност пред да го извршат тоа.

Јас и се приклучив на група на жени активисти во Острава, каде што живеам, која е дел на здружението Заеднички Живот (Vzajemne Soužiti), кои прават кампањи против присилни стерилизации.

Се приклучив затоа што и јас бев присилно стерилизирана кога имав 21 година, веднаш откако го родив мојот втор син. Медицинска сестра дојде кај мене со формулар во кој требаше да се напише името на детето, зависно од тоа дали е машко или женско. Потоа таа ми даде уште еден лист и ми кажа да се потпишам за стерилизацијата. Тогаш не знаев што е тоа. Имав многу болки и го потпишав документот. Кога се разбудив по операцијата, ми кажаа дека имам син, но дека повеќе нема да можам да имам деца затоа што сум стерилизирана. Почнав да плачам. Мојот сопруг и јас отсекогаш сакавме да имаме ќерка. На овој начин дознавме дека тоа нема да се случи.

Сакав да бидам нормална жена и да имам нормално семејство, но после присилната стерилизација се чувствувам некомплетно.

Една работа во која успеавме е да го смениме ставот на болниците – ова го сторивме така што станавме видливи, излеговме во медиумите во регионот и проговоривме.

Нашата порака ја однесовме на многу места. Јас патував на состаноци во Обединетите Нации за да сведочам за тоа што е случува и зборував на нивните официјални форуми за да ја пренесам пораката.

Добивме официјално извинување од чешката влада во 2009 година, но тоа не е доволно – сакаме овие жени да добијат компензација за тоа што им се има случено.

Морам да им се заблагодарам на жените со кои работам. Нивниот придонес кон оваа борба беше од клучно значење. И иако многу велат дека немаме сменето многу, за мене дури и официјалното извинување од Владата – кажаа дека овие стерилизации навистина се нелегални – е голем чекор напред.

На 04 април, Amnesty International започнува кампања со која ја повикува Европската Унија да преземе одлучувачка акција за да стави крај на дискриминацијата против Ромите во Европа. Придружете ни се на www.amnesty.org/Roma

Сакате да направите повеќе? Придружете се на кампањата на Amnesty International My Body, My Rights и повикајте ги светските лидери да ги заштитат сексуалните и репродуктивни права на младите жени и девојки.

 

http://livewire.amnesty.org/2013/03/21/we-have-succeeded-by-speaking-out/

 


 

 

1,904 Comments