Магазинот ЕДНО се издава од декември 2008 година под мотото „едно образование за сите“. Во периодот до 2010 година се публикуваа месечни изданија кои беа финансирани од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта.

По пауза од една година редакцијата на ЕДНО го преформулираше мотото во „сите сме едно“, со што и опсегот на магазинот се прошири и на здравство, вработување и домување. Проширувањето ни го овозможија Амбасадата на Кралство Норвешка и Амбасадата на Република Франција во Македонија.
ЕДНО продолжува да делува за да им се даде глас на сите обесправени; за да се овозможи пристап на информации од и до ромската заедница; да се потсетат властите на превземените обврски; да се притиснат кога е потребно за да бидат поефикасни, потранспарентни и поотворени за дијалог; да се подигне квалитетот во известувањето за вистинските проблеми со кои се соочуваат Ромите, а и сите други граѓани во државава.

ЕДНО ќе биде присутно во македонскиот медиумски простор, како единствен медиум фокусиран на правата на Ромите, на сите маргинализирани групи, на сите заедници без разлика на националноста, вероисповеста, политичката припадност. Пред се, на почитувањето на човековите права генерално. Бидејќи цврсто веруваме дека правата не се даваат, туку се стекнуваат со раѓање, бидејќи сите сме ЕДНО!

Со овој магазин сакаме да ги отсликаме работите такви какви што навистина се, пред сè на терен, но и на хартија, во законите, преку слика, преку животни приказни, историја…

За подобар и подостоинствен живот на сите – Едно!

Издавач:

Национален ромски центар

Редакција:

Славица Ќурчинска

Славица Тасевска

Катерина Шојиќ

Љубица Гроздановска

Александар Димишковски

Теренски активисти:

Сара Сејфула

Демирша Османов

Нурија Дервишоски

Маријан Асановски