Здравствено застапување

100_4834

Основата на проектот е кампања за застапување за еднаков третман и пристап до наталните и антенаталните здравствени услуги во земјата.

 

Што сакаме? Обезбедување бесплатен пакет на антенатални прегледи за социо-економски обесправени жени – Ромки. Тоа е целта на проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услугиˮ на Националниот ромски центар. Сето тоа е поткрепено со правно-економска анализа.

Како ќе го постигнеме тоа? Основата на проектот е кампања за застапување за еднаков третман и пристап до наталните и антенаталните здравствени услуги во земјата. Недискриминација и почитување на Законот за заштита на пациентите. На секој пациент, всушност. Почитување на Законот за здравствена заштита. Планираме пред здравствените институции да ги застапуваме правата, но обврските и одговорностите на жените-Ромки кои се маргинализирани и социјално исклучени, а на кои им треба помош, посебно во антенаталната заштита. Дополнително им треба поттик и финансиска помош и да им се укаже на фактот дека ако се обезбедат пари, тие ќе МОРА да одат на редовни гинеколошки прегледи. Зашто нашата цел е да се грижиме за нивното здравје. Најмногу за здравјето на нивните поколенија. Со тоа, планираме да влијаеме и на подигнување на свеста. Како меѓу здравствените работници, креаторите на здравствените политики, така и кај пошироката јавност. Проектот ќе се реализира во Куманово, Крива Паланка, Штип, Кочани и во Битола, меѓу жени – Ромки на возраст помеѓу 12 и 40 години.

Со партнерства. Градиме и партнерства со индвидиуалци, лекари, гинеколози, медицински и патронажни сестри, граѓански организации за здравство, а ќе се обидеме да изградиме мост на соработка и партнерства со Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Фондот за здравствено осигурување, асоцијации и здруженија од Македонија, парламентарци, градоначалници, но и од Европа – Европскиот парламент, Советот на Европа, Европската комисија. Најголеми партнери ќе ни бидат жените – Ромки.

Поткрепуваме со факти. Дури 50 отсто од 102 жени – Ромки од Куманово, Кочани, Штип, Крива Паланка и од Битола се пораѓаат без да знаат кој им е RH факторот. Најчесто добиваат три прегледи, иако од Министерството за здравство, според антенаталните протоколи минимално се загарантирани 10 за првородка, а седум за жени кои раѓале повеќе пати. Како учеснички на 10 фокус-групи во овие градови, директно можевме да ги слушнеме нивните искуства и да заклучиме дека како пациентки, немаат еднаков третман од здравствените институции. Истражувањето покажа дека околу 50 отсто од жените Ромки со низок социо-економски статус од тие градови не го уживаат своето право за репродуктивно здравје. Постојат неколку фактори зошто ситуацијата е таква. Но, најчесто тоа е така заради предрасуди и ниска свест од страна на мнозинското население. Нееднаков третман, административни и финансиски пречки, невработениста, социјалната исклученост, како и недостигот од самодоверба се дополнителните причини за таквата состојба.

Според здравствените работници пак, 50 отсто од жените – Ромки не се редовни на нивните гинеколошки прегледи. А, дополнителен проблем е што мајчините книшки, кои што им го гарантираат пристапот до здравствена заштита, не се користат правилно.

Не сме од вчера. Националниот ромски центар (НРЦ) има посебна програма за здравство, чии активности се залагаат за здравствени услуги за Ромите, за нивен подобар квалитет, недискриминација и рамноправност во добивањето здравствени услуги, поголема информираност за нивните права и обврски како пациенти. Овој проект е дел од оваа здравствена програма и е продолжение на многу проекти од областа на здравството.

 

[galleryview id=18]

626 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.