Зошто политиките за Ромите не успеваат?

12982golema

Текстот е преземен од www.novatv.mk

 

На само неколку дена пред Меѓународниот ден на Ромите на 8 април, Европската комисија го организираше Третиот самит на Ромите во Брисел со цел да се оибде да ги префрли и дуплира обврските на европските политики за Ромите до локалните и регионалните власти.

Самитот церемонијaлно го отворија претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо, романскиот претседател Трајан Басеску, Зони Веиз кој го преживеа холокаустот и комесарите Вивијан Рединг и Ласло Андор. И покрај тоа што различни невладини организации на Ромите од различни земји присуствуваа на Самитот, меѓународното политичкото раководство на Ромите одлучи да го бојкотира настанот.

Така, Европскиот форум на Ромите испрати отворено писмо до највисоко ниво во ЕУ протестирајќи поради невклучувањето на гласот на Ромите. Во писмото се вели: “Жално е што по толку години уверувања дека ромските политики треба да се спроведат со Ромите а не за Ромите. Овде имаме агенда на триесетината говорници на која ретко се појавува Ром. Многубројните напори на Европската комисија до сега завршија со минимален резултат или воопшто без резултат… За да се додаде навреда на повредата, Европската комисија мислеше дека е добро да се поканат како говорници на отворањето на Самитот човек како г-дин Трајан Басеску, претседател на Романија, кој неодамна беше осуден од страна на официјалниот Национален совет за борба против дискриминацијата поради дискриминаторни зборови за Ромите”.

Аргументите на Европскиот форум на Ромите се сосема легитимни и тој треба добро да се погледне и да не натера да размислиме зошто политиките за Ромите дoсега не успеваат на начинот на кој би сакале да успеат. Романската влада го користи Самитот за промена на својот имиџ помеѓу земјите членки на и испраќа порака дека Ромите не доаѓаат само од Романија туку дека проблемот е европски и го има во сите земји членки.

Помеѓу останатите говорници на Самитот беа и Џорџ Сорос, Мортен Кјаерум, директор на Европската агенција за човекови права а поканет за зборува беше и Неџдет Мустафа од македонската влада.

По се изгледа дека третиот Самит на Ромите ќе помине како секојдневен состанок, каде што конкретните идеите и плановите како и сите субјекти од општеството, ќе недостасуваат за да се постигне целосна мобилизација за саканата долгоочекувана вклученост и еднаквост на Ромите.

Мартин Демировски, независен советник за ромските права во Брисел

1,160 Comments