Декада и после 2015 година

Кои се можните промени за Декадата ако продолжи по 2015 година

 

Постои генерален консензус помеѓу партнерите во Декадата за вклучување на Ромите дека таа треба да продолжи и после 2015 година. Владите на партнерските земји – потписнички на Декадата се консултирани. И тие се согласуваат дека мора да има уште една Декада после 2015 година и покрај другите постоечки иницијативи кои се залагаат за подобрување на правата и условите на живот на Ромите поради тоа што Декадата има свои, единствени црти. Но, сепак, има разлики во размислувањето помеѓу земјите што не се ЕУ членки и кај тие што се во Унијата. Првата група земји безрезервно ја поддржуваат иницијативата Декадата да се продолжи. Втората група пак, смета дека процесите во Декадата треба да се усогласат со правната рамка на ЕУ, за како што посочуваат, да нема удвојување во напорите во развојот на политиките. На иста мисла се и од Европската Комисија.

Бидејќи секој си има право на свој став и размислување на овој процес како што е Декадата, еве кои се можните промени за неа ако таа продолжи по 2015 година:

Мисија – основното јадро на мисијата за инклузија на Ромите преку намалување на сиромаштијата и недискриминацијата треба да остане. Многу значајно ќе биде ако остане основната идеја, но, да се направат напори таа да биде што поконкретна и пореална за остварување.

Пристап – главниот пристап во постигнувањето на мисијата е дека е потребно тој да се смени од насока на пилот – проекти во насока на индивидуализиран и интегриран пристап, во чија основа ќе бидат застапени човековите права. Институционализацијата на добрите практики е уште еден многу силен предлог за пристап.

Време – предложени се две опции за продолжување на Декадата: а) уште една деценија, што би значело до 2025 година, за да се обезбедат значајни промени или б) уште само пет години, потребни за усогласување со правната рамка на Европската Унија, до 2020 година (што би значело усогласување и со Стратегијата Европа 2020).

Приоритетни теми – да се задржи фокусот на истите приоритетни теми, но да се постават поконкретни цели кои се комплементарни со другите иницијативи. Фокусот да биде на дисеминација и институционализација на веќе воспоставените добри практики, да се формираат дополнителни специјализирани институции кои што ќе ги „туркаат” целите на Декадата (слично на Ромскиот Образовен Фонд), остварлив во пракса пристап на индвидуализиран и интегрален пристап заснован на човекови права, работа и градење на однос на доверба со ромската заедница и зајакнување на овој аспект, да се почне да се зборува за досега занемарени поттеми. Да се задржи фокусот на борбата против сите видови дискриминација и насилство против Ромите, со посебно внимание на структурната дискриминација, работа на мерки кои ќе ги таргетираат Ромите, но и не – Ромите, како и медиумите. Да се изнајдат нови приоритети на теми/области кои што ќе се „сечат” во своите приоритети, како на пример: сугестии кои што вклучуваат зајакнување на капацитетите на Ромите, пристап и осигурување на правдата, регистрација на граѓаните и прашања поврзани со слободата на движење, ромскиот идентитет, детски права и ран детски развој, учество на Ромите, најзагрозените групи (деца на улица, питачи, потенцијални жртви на трговија со луже и слично).

Учество на Ромите – да се зајакне и зацврсти учеството на Ромите и на локално и на национално ниво.

Процесите на Декадата

Акциски планови – хармонизирање/усогласување на барањата и структурата со правната рамка на ЕУ за да се намали вишокот и да се овозможат соодветни насоки и поддршка на развојот на политиките.

Мониторинг, оценување и известување – да се предложи и имплементира остварлив систем на мониторирање/контрола, кој ќе биде сеопфатна и споредлива, која што ќе ги земе предвид постоечките методи за собирање податоци, како и нивните прилагодувања, прилагодени со мониторирањето според правната рамка на ЕУ, која што ќе го поддржува активното вклучување на граѓанското општество, кои што треба да вродат со плод во препораките на политиките и да осигураат надоврзување/продолжување на процесите/политиките.

Координација и насоки во политиките – да се зголеми прагматичноста и grassroots дискусиите, да се зголеми релевантноста на темите и на луѓето кои што треба да бидат вклучени, да се осигура субсидијарност и пристап од долу – нагоре, да се осигура follow up, да се осигура како хоризонтална, така и вертикална координација, фокусирање на институционализација на добрите практики, да не се напушта проактивниот пристап во барањето и пилотирањето иновативни решенија.

Размена на искуства и информации – да се засилат напорите во овој дел, како и структурата, за да може процесите да се подобрат.

Создавање механизми за засилување/зацврстување – или употреба на веќе постоечките преку институционална соработка.

Да се обезбедат фондови – идентификација на поврзаноста помеѓу обезбедувањето фондови и промената во пракса, на терен, да се насочи/води буџетирањето и обезбедувањето пари (fundraising), да се овозможи техничка поддршка и координација, да се работи на градење на прибирање и менаџирање на капацитетите во Владите и во граѓанското општество и да се присегне до бариерите за финансирање што постоеја досега, да се размислува на регионално планирање и управување.

Членство – одржување на пошироко членство со полабави барања, целосен фокус на земјите кои што не се во Европската Унија, проширување со нови членки, посуштинско набљудување на земјите, подобра координација и вклучување на други релевантни меѓународни партнери, осигурување на што позначајно учество на Роми.

Администрација и управување

Меѓународен управувачки комитет – појаснување на процедурите и обезбедување ефикасност (посебно во случаи на недоволно активни членови), охрабрување за поголемо учество на донесувачите на политики, да се осигура одлучувањето и follow up, да се обезбеди поголема експертиза за одлучувањето и информирањето за тоа, да се осигура поширока консултација на локално и на национално ниво.

Претседателство – да се појаснат улогата и процедурите и да се осигура ефективност, да се вклучат други земји, да се зголеми видливоста, дисеминацијата и напорите за претставување, замена на системот за претседавање со систем на тематско домаќинство на земјите од Декадата (се развива годишен план и земјите волонтираат да бидат домаќини на конкретна тема).

Секретаријат – да се зголеми мандатот и моќта, вклучително и улогата на видливост и претставништво на Декадата, осигурување на различно финансирање, обезбедување локален и национален опфат, зголемување на капацитетите на сите аспекти од процесите на Декадата, вклучително и потенцијални нови елементи, како и капацитети, сè со цел да се осигура учество на Ромите и зајакнување на новните капацитети.

Специјализирани тела – да се осигура континуитет и одржливост, да се создадат нови тела согласно новите потреби и цели.

Структури на национално ниво – да се обезбедат национални координатори кои активно ќе учествуваат и ќе координираат на локално и на национално ниво и кои што ќе имаат моќ за соодветно одлучување и извршување на тие одлуки, зголемено учество на Ромите.

 

Целосниот текст за Декадата за вклучување на Ромите 2005 – 2015 година, досегашните постигнувања, приоритетите досега, како и идните планови, насоки и цели, може да прочитате на следниот линк од Секретаријатот на Декадата на Ромите:

http://www.romadecade.org/cms/upload/file/9283_file1_to-be-or-not-to-be-roma-decade-after-2015.pdf

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply