Во Македонија годишно умира по една населба

analiza

Над 70% од брачните парови во Европа имаат едно или две деца. Статистиката вели дека за наталитетот да остане во позитива, тогаш потребни се 2,5 деца од еден брак. Со само две деца се овозможува условно одржување на населението.

 

Зошто старее Европа? Што го намалува наталитетот? Каде исчезнуваат Македонците? Сиромаштијата, невработеноста, апатијата не се единствените, а можеби не се ниту главните причини што неколку децении наназад во Европа има сé повеќе умрени отколку новородени. Два аргумента се сосема доволни како доказ за побивање на тезата дека младите поради сиромашија бегаат од брак и деца. Првиот. Не само посиромашните и посткомунистички земји од Европа, кај кои е во опаѓање наталитетот, туку поголема смртност од новородени бележат и развиените, економски моќни држави во Европа. Вториот аргумент, експлицитно ја побива сиромаштијата како главна причина. Најголем прираст на населението во Европа има токму во држави кои според статистиките се едни од најсиромашните. За разлика од државите кои имаат христијански корени, онаму каде исламот е доминантна религија, статистиката бележи раст на наталитетот. Реалните аналитичари, кои се занимаваат со демографија сметаат дека оваа состојба е резултат само на еден нов, модерен стил на живеење. Стил на живеење кој не овозможува ниту проста демографска репродукција. Над 70% од брачните парови во Европа имаат едно или две деца. Статистиката вели дека за да наталитетот остане во позитива, тогаш потребни се 2,5 деца од еден брак. Со само две деца се овозможува условно одржување на населението.


Голем дел од земјите во Европа посветуваат сериозен пристап на ова прашање. Постојат редица стратегии и анализи и за причините, но и за начините како да се ублажи овој тренд. Само во Македонија оваа тема служи за потсмев. Каков било разговор и да отворите на оваа тема бидете подготвени да се соочите, во најмала рака, со епитетот „затуцан примитивец”.

 

СРБИЈА ИМА ПОВЕЌЕ ПЕНЗИОНЕРИ ОД РАБОТНИЦИ

Но, за да не биде дека оваа тема е „млатење празна слама”, ќе направиме еден мал пресек на статистиката. Чисто да се знае како стојат работите. Па, ако потоа има потреба некој може да дебатира и анализира.

Македонија изминативе неколку години сéуште има каков таков позитивен прираст на населението и сéуште не е во оние држави кои со години имаат тренд на умирање. Но, Македонија е во позитива единствено поради сéуште големиот процент на наталитет кај Албанците, Турците и Ромите.

Демографските бројки за 2012 за неколку земји од регионот покажуваат сериозни резултати. Бројките за 2012 за Македонија ја покажуваат тенденцијата на демографијата.

Македонија: Во 2012 во Македонија биле родени 11.995 лица етнички Македонци, а истата година умреле 14.823. Тоа е биланс од минус 2.828 лица. Истата 2012 во Македонија биле родени 8.035 лица етнички Албанци, а починале 3.416, што е плус од 4619.

Албанија: Истата ланска година во Албанија биле родени 35.380 лица, а починале 20.849. Тоа е позитивен прираст од 14.446 лица.

Косово: Држава која има изразит прираст на население, биле родени 27.743 лица, а починале 7.556, што оваа не така економски развиена држава за една година има плус од 20.187 лица.

Србија: Северниот сосед го има истиот проблем. Во Србија лани биле родени 66.925 лица, а умреле 102.355. Негативниот демографски биланс на Србија за една година е 35.430 помалку жители. Кај Србија има еден интересен статистички податок, кон кој се движи и Македонија. Веројатно малкумина знаат дека во февруари оваа година во Србија биле исплатени повеќе пензии отколку плати. Да! 1.680.000 лица примиле пензија во тој месец, а 1.630.000 Срби плата. (Бројот на пензионери во Србија е 1.680.000, а на вработени 1.770.000 (140.000 Срби според статистиката тој месец не примиле плата)). Со ваква демографија Србија веќе има изедначен број на пензионери и работници, а со ваков тренд за неколку години ќе има далеку повеќе пензионери од вработени.

Бугарија: Оваа држава на исток од Македонија веќе трета деценија мака мачи со намалениот наталитет. Таму во 2012 биле родени 69.121 лице, а умреле 109.281. Само лани Бугарија има минус од 40.160 граѓани. Статистиката покажува дека овие бројки не важат за тамошните етнички Турци и Роми, кои бележат константно зголемен наталитет.

Турција: Турција е најспецифичен пример од овој дел на Европа. Таму дневниот прираст на наталитетот е во плус од околу 2.500 лица. Во 2012 биле родени 1.279.864 лица, а умреле 374.855. Годишно овие бројки даваат позитивна разлика од рекордни 905.009 лица.

Грција: Во Грција тешко се доаѓа до бројка по етникуми, но достапните податоци велат дека ланската 2012-та, Грција ја завршила со минус 4.000 лица.

 

МАКЕДОНЦИТЕ ПОСТЕПЕНО, НО СИГУРНО ИЗУМИРААТ

Како овие бројки се одразуваат во секојдневниот живот на прв поглед никој не може да перцепира. Но, затоа статистиката ја открива реалноста. Споредбата на првачиња за последните десетина години.

Во 2000 година во Македонија во прво одделение биле запишани 29.956 правачиња. Денес 2013-та таа бројка е помала за 9000. Оваа година се запишале 20.774 правачиња. Според статистичките проценки за десет години, ако продолжи овој тренд тогаш во 2023 во Македонија ќе има 14.000 или помалку правачиња.

Бројката на ученици во основното образование од година во година опаѓа. Во 2000-та имало 256.000 ученици, а лани само 195.000. Неколку податоци по општини. На пример општина Могила. Во основното училиште во село Могила во 1990 имало 260 ученици, во 2012-та 110. Дали и колку ученици ќе има во 2020 година со ваков тренд е прашање за анализа.  Истата општина во селото Добрушево во 1990-та во основното училиште имало 250 ученици, лани само 70.

За да биде појасна сликата за споредба две населени места во западна Македонија, пример од кој се гледа јасната тенденција. Лабуништа и Вевчани. Во Лабуништа со околу 6.000 жители оваа година се запишале 110 првачиња. Вевчани пак, со 2.400 жители оваа година има само 18 првачиња. Ако соодносот на жители меѓу овие места е 2.5 наспроти 1, тогаш соодносот на запишани правачиња е 6.1 наспроти 1.

За да биде дебатата попровокативна не е лошо да се знаат и статистичките податоци по етнички заедници за скопскиот регион. По години процент на родени:

 

Тенденцијата е сосема очигледна. Но, не е сé така едноставно и за потсмев, како што голем дел опозициски аналитичари и новинари гледаат на оваа тема. Неколку статистички податоци за првиот квартал од 2013 во Скопскиот регион. Во општина Карпош во првите три месеци оваа година биле родени 128 деца, а починале 175 лица. Студеничани: родени 109, умреле 23. Во Арачиново за три месеци се имаат родено 49 новороденчиња, а починале 16 лица. Ова е општина која има иднина. Чаир е општина со убедливо највисок наталитет во Скопје. Се родиле 272 деца за само 3 месеци, а починати има 148. На ред со ваков наталитет се Сарај и Шуто Оризари.

Но, за да не биде дека само Скопје и околината има проблем, еве неколку податоци за некои општини во внатрешноста на државата.

 

Тоа се бројките што на крајот од секоја година немилосрдно и без фингирања ги брои статистиката. Тоа се бројки кои ја одредуваат иднината на една држава, народ, нација. За да биде поинтересна анализата, според податоците од  2012 година како изгледаат ТОП 10 општини со најголем и со најмал наталитет во Македонија.

 

 

 

СИРОМАШТИЈАТА НЕ Е ПРИЧИНА ЗА НЕРАЃАЊЕ

Статистиката е најдобар доказ дека економската состојба не е аргумент за причината за намалениот наталитет. Тоа го покажала историјата и во Македонија. Во годините на многу поголема сиромаштија македонските семејства имале карактеристика на многудетност. Но, да не биде муабетот на празно, повторно ја викаме статистиката на помош. Споредба на Германија и Бразил. Две држави и економски и по многу параметни различни.

Во 1960 Германија имала околу 73 милиони население, Бразил истата година имал 70 милиони. 2010-та Германците ја завршиле со околу 82 милиони население, а Бразил истата година со 194 милиони. Таа 2010-та во Германија се родиле 677.947 бебиња, а починале 858.768 лица. Минусот од 180.821 сигурно не е поради сиромаштијата и невработеноста и беспарицата во Германија. За потсетување таа година според статистиката државата имала БДП од 43.700 долари по жител.

Во 2010 во Бразил се родиле 3.129.000 бебиња, а починале 1.214.000 лица. Само во оваа година Бразил има зголемен наталитет од 1.915.000. И мислите дека тоа е заради моментот дека Бразил е топ држава за живеење? Семејствата таму ги имаат најдобрите услови за живот? За споредба со економската големина на Германија, таа 2010 година Бразил имал БДП од 12.600 долари по глава на жител.

Втор пример на споредба. Австрија и Азарбеџан. Во Австрија, државата на „класни мир”, што би рекол Џони Штулиќ, во 1960 година имала население од 7.1 милиони, а во 2011-та, 8.4 милиони. Азербеџан во 1960 имал 3.8 милиони, а во 2011-та 9.2 милиони жители. Интересно е да се потенцира дека за овој период од Азербеџан заминале 900.000 луѓе, а во Австрија се доселиле 1.200.000 лица. Таа 2011-та статистиката на Австрија забележала 77.159 новородени, а 74.576 умрени. Во Азербеџан истата година се родиле 176.000, а починале 53.762, или плус 122.310 новороденчиња. Навистина би било несериозно да ја споредуваме економската моќ на Виена и на Баку, но еве за оние кои сéуште тврдат дека во Македонија младите не се одлучувале за деца поради невработеноста и сиромаштијата, статистиката го покажува следното: 2011-та БДП по глава на жител во Австрија бил 49.707 долари. Азербеџан таа година бележи, скромни 6.916 долари БДП по жител.

Оваа скромна анализа е само обид да се поттикне дебата. Разговор врз основа на податоци и потребата од стратегија. Дали некому ќе му служи за потсмев, секако е демократски избор во едно општество.

 

Извор: http://www.novini.mk/read/381589/vo-makedonija-godishno-umira-po-edna-naselba

6,223 Comments